Кошарката е екипен спорт во кој пет играчи од два различни екипи се обидуваат да постигнат што повеќе бодови преку давање кош, односно преку уфрлување на топката низ хоризонтално поставен обрач на височина од 3 метри. Од едната страна на теренот до другата, топката се пренесува преку тапкање и подавање на останатите членови на екипата.
Во 1891, Канаѓанецот Џејмс Најсмит ја измислил играта кошарка, со 7 правила од кои 6 сè уште се користат. Најсмит бил важен пропонент за развитокот на женскатa кошарка и за раширувањето на играта низ Северна Америка. Двете најсилни кошаркарски лиги во светот се европската Евролига и северноамериканската Национална кошаркарска асоцијација. Кошарката е распространета на сите континенти и е најбрзорастечкиот спорт во светот. Во Македонија, најсилната кошаркарска лига е Македонската Прва Лига.
До бодови во кошарката се доаѓа со фрлање на топката во обрачот на кошот. Екипата која на крајот од натпреварот ќе добие повеќе бодови е победник. Кошот постигнат во лакот вреди 2 бода, кошот постигнат надвор од лакот 3 бода, а кошот од слободни фрлања носи по 1 бод. Топката во кошарката се управува со нејзино удирање од подот, односно водење, или пак преку меѓусебно додавање меѓу играчите. Телесни контакти ко можат да ги повредат играчите не се дозволени. Постојат строго одредени правила и начини спрема кои топката може да се води.
Со тек на времето кошарката ги развила вообичаените техники за шутирање, додавање и водење, како и позициите на играчите кога се во напад и во одбрана. Иако вообичаената кошарка се одвива под строго одредени правила, разни варијации на кошарката направила таа да биди со сè помалку правила. Во кошарката има разни стилови на шутеви, од кои најпознат е ударот хорок.
Во почетокот на декември 1891 година, д-р Џејмс Нејсмит канадски професор по физичка култура од универзитетот МекГил од Монтреал и инструктор во Вежбалното училиште YMCА (денес Спрингфилд Колеџ), во Спрингфилд Масачусетс, САД, барал енергична игра на затворено за да ги држи своите студенти зафатени и на одредено фитнес ниво за време на долгите зими во Нова Англија По отфрлање на скоро сите идеи кои биле или премногу груби или слабо одговарале на околеностите во гимназиите, тој започнал со создавање на правилата на кошарката. Професорот прво закачил баскет со боја на праска на 3.05 метри односно 10 стапки. Во спротивност со модерните кошаркарски мрежи овој баскет со боја на праска го држел своето дно и топката морала повторно да се врати штом еднаш бил постигнат бод. Сепак ова се докажало неефикасно, па така била направена дупка на дното од баскетот, овозможувајќи и на топката да ѕирка секогаш со дрвен клин. Баскетите со боја на праска се употребувале сè до 1906 година кога се замениле со метални обрачи со табла. Набргу била направена промена, па така топката само поминува низ мрежата, пробивајќи го патот до кошарката како што ја знаеме денеска. Секогаш кога некое лице ја уфрлувало топката во баскетот, неговата екипа постигнувал бод. Секогаш кога екипата постигнува најмногу бодови тој ја добива играта.[3] Баскетите првично биле заковувани на меѓукатна тераса на игралиштето, но ова се покажало непрактично кога публиката од терасата почнала да се меша со шутевите. Таблата била воведена за да се спречи ова мешање. Тоа дало дополнителен ефект кој дозволувал удар од скок. Рачно напишаните дневници на Нејсмит, откриени од неговата внука во почетокот на 2006 година, покажуваат дека тој бил нервозен за новата игра што ја измислил, која вклучува правила од детската игра наречена „Патка на камен“, како што многу правила не успеале пред тоа. Нејсмит новата игра ја нарекол „Basket Ball“.
Првиот официјален натпревар се одиграл во гимнзија на YMCA на 20 јануари 1892 година со девет играчи. Натпреврот завршил со 1-0, а ударот бил направен на далечина од 7.6 метри (25 стапки) на игралиште со половина должина од сегашното игралиште на уличната кошарка и од тие на НБА. Од 1897 – 1898 станале стандардни екипите од по пет играчи.Првите приврзаници на кошарката биле испраќани од YMCA и спортот брзо се проширил низ САД и Канада. До 1895 година, биле основани неколку женски средни школи. Додека YMCA била одговорна за почетниот развој и ширење на играта, во рок од една декада се спречил нов спорт како груба игра, бидејќи почнал да се одалечува од првичната мисија на YMCA. Сепак, другите аматерски спортски клубови, колеџи и професионални клубови брзо ја пополниле празнината. Пред Првата светск војна, Аматерската атлетска унија и Интеруниверзитетската атлетска асоцијација на САД (претходник на Националната универзитетска атлетска асоцијација) се натпреварувале за правилата во играта. Првата професионална лига е основана во 1898 за да ги заштити играчите од експлоатирање и да воведе помалку груба игра. Оваа лига траела само 5 години.До 1950 година, кошарката станала главниот универзитетски спорт, па на тој начин го зголемувала интересот за професионалната кошарка. Во 1959 година била основана „Кошаркарската сала на славата“ во Спрингфил Масачусетс, местото на првиот натпревар. Нејзните регистри вклучувале големи имиња, тренери, судии и луѓе кои значително придонеле за развојот на играта.

No comments:
Post a Comment